Дваесетгодишна девојка вчера била пронајдена на плочник пред зграда на подрачје на скопски Бутел.
Девојката со иницијали С.Д.(20) од Скопје била затекната со тешки телесни повреди здобиени при пад од зградата.
-Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде на 10.6.2023 во 00.30 часот починала – велат од МВР.
Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.