Хрватската полиција разоткри шестчлено злосторничко здружение чии членови, меѓу кои еден Македонец и еден Србин, се обвинети дека од септември минатата година шверцувале хероин во Хрватска, а потоа го продавале на наркопазарот во окрузите Истра, Загреб и Сплитско-далматинската жупанија, јави хрватската новинска агенција ХИНА.
При апсењето од осомничените одземени се 3,9 килограми хероин.
Полицијата сомничи 43-годишен државјанин на Македонија, 59-годишен државјанин на Србија и четворица хрватски државјани на возраст од 66, 49, 47 и 42 години за неовластено производство и тргување со дрога како дел од злосторничко здружување.
Осомничените набавувале хероин од една земјите од Југоисточна Европа, па го прошверцувале на територијата на три хрватски жупанија.