Фото: Архива

Укинат му е притворот на Стефан Димковски кој е осомничен за помагање при бегството на Љупчо Палевски-Палчо, главниот осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, соопшти Основното јавно обвинителство.

– Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост – велат од обвинителството.

Одлуката тој да излезе од истражниот затвор во Шутка ја донел судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје.

Стефан Димковски го возеше Љупчо Палевски – Палчо, низ Србија, Бугарија и Турција, а беше уапсен на граница кога се врати во Македонија.

Првосомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски беше фатен во Турција откако по него беше распишана меѓународна потерница. На 29 декември минатата година му беше одреден привремен затвор во Беликсир, Турција.