Фото: Илустрација/Архива

Во раните утрински часови во Радовиш и селото Дедели кај Валандово полицијата ги пронајде и ги лиши од слобода осомничените за синоќешното убиство кое се случи во Турското маало во Струмица, на улицата „Бетовенова“. Приведени си М.Ј.(22), Р.А.(33) и Ј.Т.(44), сите од Струмица.

Според МВР, синоќа околу 19.30 часот по претходна расправија заради нарушени меѓусемејни односи, на улицата „Бетовенова“ во Струмица, М.Ј. со остар предмет му нанел повреди на А.Б.(22) од Струмица, кој подоцна починал во Медицинскиот центар Струмица. Додека, Р.А., исто така, со остар предмет ги нападнал и повредил Б.Ј.(69), З.Б.(45) и О.Б.(20), сите од Струмица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица. Во нападот учествувала и Ј.Т., мајка на М.Ј..

По пријавување на случајот, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки, сторителите се лишени од слобода, а врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Ј. и биле подигнати предмети поврзани со кривичното дело.

Од Основното јавно обвинителство на Струмица информираа дека телото на починатото момче е дадено на обдукција заради повеќе убодни рани, а по целосно документирање на случајот полицијата ќе поднесе соодветна пријава прорив осомничените лица.