Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Изгаснат е пожарот што избувна попладнево под Скопско кале, на поранешниот полигон за полагање возачки испити, а во кој беа зафатени пет патнички автомобили.
Пожарникарите работат на расчистување на теренот, а присутни се полициски екипи за утврдување на причините.
Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, за МИА изјави дека интервенцијата на пожарникарите спречила ширење на пожарот и оти причинета е само материјална штета.
-Во гаснењето на пожарот беа вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари – информира Томевски.