Седумдесет и осумгодишен битолчанец бил прегазен од автомобил на крстосницата од улицата Добривое Радосављевиќ и Рузвелтова во Битола. На пешакот М.К. на возраст од 78 години налетало патничко возило марка „форд галакси“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(48) од информираат од МВР.

Во несреќата пешакот М.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа од СВР Битола. М.М.