Полициски службеници вчера го привеле Е.Д.(35) од Прилеп откако при претрес во неговиот во дом во Прилеп, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Исто така, во текот на вчерашниот ден, велат од МВР, бил приведен и Д.Џ.(35) затоа што при преглед во патничко возило „форд фиеста”, кое го управувал, бил пронајден и одземен амфетамин.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави велат од МВР. Ка.М.