Фото: Илустрација

СВР Битола до ОЈО поднесе кривична пријава против битолчанецот Н.Д. (43) поради постоење на основано сомнение  дека извршил неколку кривични дела разбојништво, по неговото апсење во врска со грабеж во аптека.

Осомничениот на кој судија вчера му изрече притвор во траење од 30 дена за претходна постапка, не само што го признал грабежот во аптеката, туку признал и уште две кривични дела што ги извршил во претходниот период.

Н.Д. на 11 април минатата година влегол во аптека на ул. Солунска, каде што со пиштол се заканувал дека ќе ја убие вработената и побарал да му ги даде парите од прометот. А на 16 мај минатата година извршил грабеж во обложувачница, во
комплексот Безистен во Битола. М.М.