Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Против него е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите и во двата случаи успеале самите да го оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот бегал од местото на нападот.

Бидејќи се работи за кривично дело против половата слобода и моралот и затоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би ги повторувал ваквите напади доколку остане на слобода, надлежниот јавен обвинител предложи определување притворска мерка, која од Судот е прифатена.