Јавен обвинител изврши увид на лице место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани, соопшти Јавното обвинителство.
При увидот подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки и да се преземат дејствија за обезбедување на докази.
Во однос на пожар во угостителски објект во Чаир, увид извршила увидна екипа на МВР. Подигнати се траги од лице место, обезбедени се снимки од видеонадзор. Според првичните сознанија, пожарот е подметнат. Се постапува за откривање на сторителите и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани.
Maж убиен со огнено оружје во близина на Блаце