На граничниот премин „Блато” на македонско – албанската граница кај Дебар спречен е шверц на ветеринарни лекови.
– На 27 јули 2022 година на граничниот премин Блато, при спроведување на редовна царинска контрола, царинските службеници спречија обид за нелегално внесување на ветеринарни лекови во Република Северна Македонија – информираа од Царинската управа.
Додаваат дека на влез на македонска територија државата се пријавил албански државјанин со иницијали Х.Х.(59), како возач на патничко моторно возило со албански регистарски таблички.
– При вршење на детална контрола на возилото од страна на царинскиот службеник, во просторот под предните седишта, во преградите на предните и задните врати и во просторот за документи пред совозачкото седиште, пронајдени се непријавени 20 парчиња спреј (по 200 милилитри) со ознака „Super Spray“, 10 шишиња (по 100 милилитри) средство со ознака „Penbex“, 10 кутии таблети со ознака „Exiptol“ и 1 парче – туба со ознака „Aloegel“ – наведуваат од управата.
Откриената непријавена стока е привремено задржана, а против лицето Х.Х.Царинската управа почна соодветна постапка.