Не постои официјална, меѓународно договорена дефиниција за „принуден брак“. Тоа може да се опише како брак склучен без согласност на еден или на двата партнера, или против волјата на барем еден од нив. Членот 37 од Конвенцијата на Советот на Европа од 2011 година за спречување и борба против насилството врз жените и против семејното насилство (Истанбулската конвенција) обврзува „прогласување за криминално дело на принудата на едно лице да стапи во брак со друго“. Присилниот брак е тешко прекршување – деградација на човековите права. Тоа не само што го повредува правото да се омажат туку исто така може да ги изложи жртвите на различни форми на насилство и штета, вклучувајќи и прекршување на правото на интегритетот на личноста и лишување од слобода

ПРИНУДНИТЕ БРАКОВИ – ТЕШКА ДЕГРАДАЦИЈА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Принудните бракови не се новитет ниту во земјава ниту во светот. Голема е бројката на вакви случаи, кои на договарачите на ваквите бракови им нудат големи заработки. За жал, најчеста жртва на принудните бракови се малолетни деца, кои поради беспарица се продаваат. Токму неодамна, македонската јавност беше потресена од еден ваков случај, во кој беше поднесено обвинение за трговија со дете.

Неодамна расветлен случај открива длабоко вкоренет проблем

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Национална единица за сузбивање на шверцувањето мигранти и трговија, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 7.9.2022 поднесе кривична пријава против С.Ш. (25) од Скопје, Ф.А. (46) и М.Б. (51) двајцата од Р. Србија и Б.А. (49) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“, казниво по членот 418-г став 1 и 2 од Кривичниот законик.
Првопријавениот С.Ш., брат на девојчето, заради стекнување противправна материјална корист од 3.000 евра преземал дејства за склучување присилен брак на дететo со лице од Србија, чии родители се второпријавената Ф.А. и третопријавениот М.Б., кои договориле и дале пари за склучување на присилниот брак. Четвртопријавениот Б.А. ја имал улогата на посредник меѓу С.Ш. и Ф.А. и М.Б. за надомест од 200 евра. Лицата се лишени од слобода, а од судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.
Што точно се случувало? Наводните свекор и свекрва на девојчето, на нејзиниот брат му дале три илјади евра за несудената снаа и 100 евра за да ѝ се извади пасош по брза постапка. За среќа, девојчето се спасило бидејќи нејзината мајка не сакала да го прифати бракот.
На крајот на минатиот месец, четвртоосомничениот, преку посредник, прифатил да најде невеста за синот на осомничените српски државјани. Тој стапил во контакт со првоосомничениот и се договориле за невеста да ја понудат сестрата на првоосомничениот, која штотуку наполнила 14 години. Според договорот, за склучувањето брак ќе му бидат исплатени 3.000 евра, од кои 200 евра треба да му даде на четвртоосомничениот. За да ја остварат својата цел, првоосомничениот и четвртоосомничениот го зеле девојчето од домот каде што живеело и го однеле во куќата на четвртоосомничениот. Таму преку видеокомуникација постигнале договор за купопродажба на девојчето со осомничените српски државјани.
На почетокот на овој месец, осомничените српски државјани, со цел да направат подготовки за веселба, дошле во домот на родителите на девојчето. Бидејќи девојчето немало патна исправа, осомничената „свекрва“ уплатила износ од 6.000 денари за поднесеното барање за издавање патна исправа по итна постапка.
Иако девојчето не сакало да се омажи, плашејќи се од брата си, се покорило на неговата желба и на четврти месецов, во домот на нејзините родители, била направена веселба. Во знак на револт и несогласување со ваквиот брак, на веселбата не присуствувала мајката на девојчето. Сепак, тоа не ги поколебало осомничените српски државјани и не отстапиле од намерата да ја земат невестата за која веќе ги исплатиле парите.
Кога завршила веселбата, под притисок и закани од првоосомничениот, девојчето заедно со свекорот и свекрвата – осомничените српски државјани и нивните роднини, се упатиле во куќата на сестрата на свекрвата, каде што останале до издавање на патната исправа. Откако ја подигнале патната исправа, свекрвата заедно со девојчето дошла во домот на нејзините родители и побарала од мајката да појдат на нотар за да потпише полномошно за патување на малолетничката во странство. Бидејќи мајката не се согласувала со присилниот брак го одбила ова барање, по што случајот бил откриен од страна на овластени службени лица.
Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоците и соучесниците ќе ја попречат истрагата, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените. Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје го прифати предлогот и на сите осомничени им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
За кривичното дело што им се става на товар на осомничените е предвидена казна затвор во траење од најмалку осум години.

И ЕВРОПА не е имуна на проблемот со ПРИНУДНИ БРАКОВИ

Не постои официјална, меѓународно договорена дефиниција за принуден брак. Тоа може да се опише како брак склучен без согласност на еден или на двата партнера, или против волјата на барем еден од нив. Членот 37 од Конвенцијата на Советот на Европа од 2011 година за спречување и борба против насилството врз жените и против семејното насилство (Истанбулската конвенција) обврзува на криминализирање на принудувањето на едно лице да стапи во брак. Присилниот брак е тешко прекршување – деградација на човековите права. Тоа не само што го повредува правото да се омажат туку исто така може да ги изложи жртвите на различни форми на насилство и штета, вклучувајќи и прекршување на правото на интегритетот на личноста и лишување од слобода.
Според извештајот на Европската агенција за фундаментални права, повеќето жртви на принуден брак се млади жени со имигрантско потекло. Повеќето сторители се постари машки роднини. Жртви или потенцијални жртви на принудни бракови се главно млади жени, иако овој наод е заснован само на жени што барале совет.
Според записите и податоците собрани од земјите-членки на ЕУ, уште во 2012 година, околу 70 проценти од вкупните жртви на принудни бракови биле млади жени на возраст од 16 до 21 години. Околу една третина од овие млади жени биле под 18 години.

[email protected]


Социолозите предупредуваат со искуството дека „родителите се главни сторители“!

Истражување направено во Германија, во периодот од 2008 до 2010 година, ги покажува родителите како главни сторители и иницијатори на принудни бракови. Во 2008 година, во советувалиштата во Германија, помош поради принудни бракови била побарана дури од 3.443 лица. Приближно седум проценти биле мажи или 252 лица, а другите жени. Околу 60 отсто од оние што барале помош биле принудени да се омажат.
Резултатите покажуваат дека во две третини од случаите присилниот брак се случил во контекст на други форми на семејно насилство. Таткото бил одлучувачка фигура во спроведувањето на 80 отсто од браковите, а 62 отсто од оние што барале помош изјавиле дека се одговорни и мајките. На повеќе од две третини од 747 документирани случаи (71 отсто) им се заканувале со принуден брак, а 29 отсто веќе биле во брак против нивна волја. Половина од присилните бракови биле склучени во странство (52 отсто).