Фото: МВР

Скопје, Белград, Бугарија, Баликесир – ова е тракеторијата на движење за Љупчо Палевски-Палчо.

Министерот за внатрешни работи кажа дека Палевски е уапсен на автопат. Одел пеш. Исценирал дека сака да оди кон Истанбул, но, се вратил назад. Целта било да направи симулација.

– Негов адвокат, со возило, го однел во Србија, понатаму, оставен е во хотел, од таму, наредниот ден, го презема исто така друго лице од Скопје, со џип преку граничниот премин „Градина“ влегува во Бугарија. По транзитот низ Бугарија влегува во Турција. Во Турција оди во градот Баликесир (н.з.). Македонските оперативни служби стапуваат во контакт со турски оперативен извор, кој за кратко време испраќа повратна информација дека лицето се наоѓа во Баликесир. И ни кажа дека сака да замине за Истанбул. Таму останува практично во Баликсир. Се подготвува во такси возач кој го најмува за да оди во Истанбул и тука е симулирањето дека ќе оди. Повторно се враќа назад во градот и денеска попладнево од страна на колегите од турската полиција е уапсен, додека се движел пешки по автопатите, – изјави Спасовски.

Спасовски исто така кажа дека во текот на денешниот ден во околината на Скопје пронајдени се два пиштоли, но тие се уште е вештачат.