До медиумите со апел за помош се обратија од семејството на Фадил Брао од Охрид. Тие информираат дека на Фадил Брао, кој е на возраст над 70 години, од завчера во 19 часот му се губи секаква трага.
Посочуваат дека тој управува возило „голф 5“, со регистарски број ОХ 131 БС, со кое се оддалечил од домот и оттогаш му се губи секаква трага.
Семејството апелира, доколку кој било од граѓаните има некаква информација што може да помогне во неговото пронаоѓање, да ја достави на контакт-бројот 072 573 364.