Во моментово во Скопје има три активни пожари, информираа од скопската Територијална противпожарна единица за МИА.

Првиот пожар избил во напуштена куќа на улица „Ѓуро Ѓоновиќ” во близина на новата Железничка станица во населбата Маџир Маало. Во гаснење на пожарот се интервенира со три противпожарни возила и 10 пожарникари.

Вториот пожар е во штала во Кондово, во чие гаснење учествуваат две противпожарни возила со седум пожарникари, а третиот е на обиколницата кон Блаце, каде се интервенира со две возила и седум пожарникари.