Голем пожар избувна во Стар Дојран кај депонијата, во месноста Карач и според информациите оттаму се зафатени три куќи. Се евакуираат жителите, а повредени нема.
Веста ја потврдија градоначалникот на Дојран, Анго Ангов и директорот на Центарот
за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
Според Ангов, се работи за голем пожар кој гори веќе неколку часa и во неговото
гаснење покрај месното население учествуваат пожарникари од Дојран, Валандово,
Гевгелија и Струмица.
– Апелираме за помош од Дирекцијата за заштита за и спасување, бидејќи досега не
успеваме да се справиме со огнената стихија која под налетите на силниот ветрот се шири многу бргу. Пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи на местото каде што гори
пронајдевме канти од моторно масло – изјави за МИА градоначалникот Анго Ангов.
Покрај овој пожар, на територијата на oпштина Дојран избувна уште еден кај селото
Николиќ, кој се префрлил на грчката страна од Дојранското Езеро.