Илустрација/Фото: Пекселс

Полициски службеници вчера го привеле Д.М.(31) од Пробиштип, осомничен дека во периодот од мај до јули годинава, по запознавање со две жени од Битола на социјалната мрежа Фејсбук и по започнување љубовна врска со нив, кај едната извршил кражба, а другата ја измамил за сума од 6.500 евра и 7.200 денари, соопшти МВР.

Тој е спроведен и задржан во СВР Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.