Илустрација / Фото: Влада

Маж од Арачиново е убиен во казино во Капиштец.

Од МВР информираа дека пукањето се случило утрово во објект на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а починат е 46-годишен маж.

Убиениот и лицето кое пукало во него, претходно играле на апаратите во казиното.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.