Двe лица од Скопје биле пронајдени паднати пред зграда, информира полицијата.
Имено вчера во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Бил извршен увид како што соопшти полицијата и се преземаат мерки за расчистување на случајот.