Силниот и интензивен дожд што доцна попладнево и вечерва ја зафати општина Тетово е причина за зголемување на бројот на повици до пожарникарите од страна на луѓе кои имаат потреба од нивна интервенција.
Полицијата го пренасочува сообраќајот кај булеварот „Благоја Тоска“ на последниот кружен тек кај касарната каде редовно се поплавуваат коловозните ленти, поради интервенција на комуналното претријатие.
Од ТППЕ Тетово информираат дека имаат повици за интервенции во Мала и Голема Речица, каде се испумпува вода од поплавени куќи и нивните дворови и подруми.
Тетовските пожарникари попладнево извлекоа комбе заглавено во насобрана дождовна вода кај подвозникот во Желино. Така се спасени 11 патници. Интервенцијата ја изведоа четворица пожарникари од ТППЕ Тетово