Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало вкупно 2.028 повици. Од нив „реални“ биле 60,06 отсто, а 39,94 отсто не биле итни. Кон полиција биле упатени 67,16 отсто, кон итната медицинска помош 19,82, кон пожарникарите 5,03, а кон АМСМ 0,30 отсто од реалните повици.
Според ЦУК, регистрирани се и четири (3) пожари на отворено. Од 11:50 до 12:45 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснела запалена ниска вегетација во атарот на село Могила (општина Битола), во 16:20 до 19:20 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснело запалено ѓубре патот од Демир Хисар кон Струговско Езеро (општина Демир Хисар), од 19:00 до 19:50 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснело запалено стрниште во село Крупиште (општина Чешиново Облешево) и од 15:50 до 17:30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило се гаснело запалено стрниште во атарите на селата Таринци и Карбинци (општина Карбинци).
ЦУК ја пренесува и препораката на АМСМ, по патиштата да се вози со прилагодена брзина и да се почитува поставената сообраќајна сигнализација, особено низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На повеќе места во државата, наведува ЦУК, се одвиваат работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна и патна сигнализација.
Поради градежни активности на регионалниот пат R-2239 делница село Бродец – село Побожје, во наредните денови до 10.10.2024 ќе има целосно блокирање на сообраќајот од 09:30 до 14:30 часот. На овој потег ќе биде поставена соодветна сигнализација при изведба на работите.