Фото: Макфакс

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на поранешниот полигон на улицата Лазар Личеноски во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф. И. (47) од с. Арачиново, Скопско, излетало од коловозот.

Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот А. И. (47) од с. Арачиново, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.