Двокатен автобус на ЈСП доцна попладнево се запали на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје. Пожарот избувнал во задниот дел на автобусот, каде што се наоѓа моторот и зафатил дел од инсталацијата.

Противпожарната бригада брзо интервенирала и пожарот бил изгаснат уште додека бил во почетна фаза.

Според информациите од противпожарна служба, нема повредени лица во пожарот.