фото: Илустрација

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана-Липовац, пренесуваат медиумите во регионот.

Несреќата се случила околу 17 часот и 5 минути кога возилото со северномакедонски регистерски таблички се превртело, при што неколку возила што ги превезувал камионот, паднале од платформата.

Сообраќајот на автопатот е затворен во источен правец и се пренасочува по заобиколен пат преку клучката Новска до клучка Окучани. Возачот на камионот е повреден и во тек е полициска истрага, пренесуваат медиумите.

Возачот според изјавите на очевидци бил свесен.

„Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Беше прилично страшно“, изјавиле очевидци.