Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 852 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.363, бројката на оздравени пациенти е 15.164, на починати е 749.

Во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.450, од кои најмногу во Скопје (834), Куманово (182), Кочани (172), Струмица (167), Тетово (150), Прилеп (126).