Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен гостиварец за обид за силување.
Според информациите, осомничениот на 27 април се обидел да изврши обљуба врз една жена, така што најпрвин влегол во нејзината куќа и побарал да му свари кафе. Кога таа го одбила, тој ја нападнал и почнал да се соблекува и да ја допира. Во обид да ја совлада, ја удрил со тупаница по главата. Оштетената цело време се спротивставувала и во еден момент успеала да се ослободи и да излезе во дворот. Таму наишол сведок, кој го спречил осомничениот во намерата.
Јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.