Министерството за надворешни работи (МНР) доби официјална потврда од надлежните институции на Бугарија за седуммина повредени во автобуската несреќа на автопатот „Струма“, близу Софија.

МНР го споделува списокот на повредените патници, кои, како што наведуваат оттаму, се наоѓаат во добра здравствена состојба и во моментов се хоспитализирани во софиската државна болница „Пирогов“:

-Ебип Пајазитовски (24.09.1972), македонски државјанин

-Ѓула Јашаровска (16.06.1972), македонски државјанин

-Зулејха Јашаровска (12.05.2005), македонски државјанин

-Минир Јашаровски (06.01.1971), македонски државјанин

-Медина Љутвиј (21.05.1996),македонски државјанин

-Љуљзим Сулејмани (04.05.1995), државјанин на Србија

-Орхан Алити (12.04.1976), државјанин на Белгија.