Во вечерните часови на 3 јануари во скопската полиција било пријавено дека во дом на улицата „Призренска“, која се наоѓа во населбата Кучевишка Бара, општина Бутел, биле пронајдени починати Љ.Б. (91) и нејзиниот син М.Б. (57).

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од брзата помош, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.