Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Д.Б. (18) и уште две малолетни лица на возраст од 15 и 17 години сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,“насилство“, информира МВР.

Имено, на 23.09.2018 година околу 00,45 часот во Куманово на булеварот „Октомвриска револуција“, кај градскиот кеј, пријавените физички го нападнале М.И. од Куманово, при што му нанеле телесни повреди во пределот на телото.