Полицијата денеска казни седум мотоциклисти во Скопје и одзеде два мотора.

Полициски службеници од СВР Скопје денеска спроведоа акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават мотоциклистите.

– Санкционирани се седум мотоциклисти, а одземени се и два мотори, согласно член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој стапи на сила на 26.12.2020. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови – соопшти МВР.