Сообраќајната полиција, во текот на вчерашниот ден (2 април) спореведе засилени акциски контроли на територијата на Скопје, информираат од МВР.

Притоа изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои девет за возење со брзина поголема од дозволената, осум санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се три санкции за користење мобилен телефон, 21 прекршок што го чинат пешаците, пет за управување под дејство на алкохол, три за некористење сигурносен појас и 35 санкции за непрописно паркирани возила.

Од МВР посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.