Синоќа во рудникот „Суводол“ во РЕК „Битола“, при работа со градежна машина, животот го загуби работникот В.К.(60).

Според информацијата од РЕК „Битола“ во моментот на несреќата, работникот В.К. бил ангажиран на извршување на редовни работни активности. Стручните служби на РЕК „Битола“ и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата.

Телото на загинатиот работник ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта, информираат од РЕК „Битола“ М.М.