Десетгодишно дете синоќа било физички нападнато од страна на вработен во угостителски објект. Случајот во полиција го пријавила мајката на детето. 

-Синоќа, во Секторот за внатрешни работи Скопје Р.А.(38) пријавила дека истиот ден околу 19.30 часот на улицата “Кеј 13-ти Ноември“ во угостителски објект од страна на вработен во локалот физички бил нападнат нејзиниот 10 – годишен син  – информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.