Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 40-годишен гостиварец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 06 јануари во 17 часот во близина на угостителски објект на ул. ЈНА во Гостивар, поради нарушени брачни односи и претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал Ф.Н.(35) од Гостивар, која при обид да му го одземе ножот што тој го извадил, се здобила со повреди.