Дваесет и петгодишно момче од тетовското село Долно Палиште синоќа загина од удар од гром, додека напасувало стадо овци.
– Вчера (18 јули) во 19 часот и 25 минути во СВР Тетово било пријавено дека во месноста „Карабунар“, атар на тетовски Урвич, бил пронајден починат 25-годишниот Е.О. од тетовско Долно Палиште, кој бил усмртен од удар на гром – информираа од полицијата.
Смрт констатирал лекар по судска медицина, увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на семејството.
Од удар на гром вчера беа повредени неколку лица на охридската плажа „Оревче“.