Гоцева шума пожар

Гори Гоцева шума кај Неготино, на терен интервенираат неготинските пожарникари а помош има и од пожарникарите од Кавадарци, потврди за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

Градоначалникот изјави дека е на лице место, но засега не може да се каже кои се причините за пожарот. Тој појасни дека изгорел дел од зимзелената шума, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.

Од ЦУК информираат дека секој момент авион на Дирекцијата за заштита и спасување ќе оди да интервенира на пожарот.

-Авион на ДЗС во секој момент ќе полета кон боровата т.н. Гоцева Шума во непосредна близина на Неготино каде во моментов има силен пожар врз кој територијалните противпожарни единици од Неготино и Кавадарци тешко воспоставуваат контрола поради засилениот ветер. Доколку состојбата со пожарот се влошува, во состојба на подготвеност за полетување се два хеликоптери на МВР- вели Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК.