Фото: ЦУК

Центарот за управување на кризи информира дека избил голем пожар во атарот на селото Дебрешта која се наоѓа во општината Долнени и дека интервенираат трите Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување за интервенција.

– Во атарот на с. Дебрешта, општина Долнени, изби поголем пожар во нискостеблеста деградирана шума. Трите Ер трактори вторпат полетаа кон пожарот, чиј втор крак се спушта кон село Кошино. Во првиот налет значително ја намалија силата на огнот на првиот крак на пожарот. Горат трева, грмушки и нискостеблеста деградирана шума- информираат од ЦУК.