Генералното собрание на Академија Балканика Еуроеана, која опфаќа врвни уметници и научно-истражувачки експерти од десет земји на Балканот и која беше формирана во Букурешт, во октомври 2017 година, го одржа своето Генерално изборно собрание од 9 до 12 декември во Скопје.

Генералното собрание го отвори Почесниот претседател на АБЕ и Претседател на Европската Академија на науките, уметностите и книжевностите Жан-Патрик Конрад од Империјал Колеџот од Лондон, којшто ја повика Европската Унија да пронајде модалитет за итно вклучување на земјите од Западен Балкан како нејзини рамноправни членки, бидејќи Балканот е интегрален дел на Европската цивилизација.

Во присуство на Претседателот на „Фондацијата Жан Моне“ од Париз, Анри Малос, и Претседателот на АБЕ Јордан Плевнеш, беше потпишан договор за организирање на на конференција на највисоко ниво, по наслов „Обединет Балкан во обединета Европа“, на која ќе учествуваат околу 40 врвни личности од научниот и интелектуалниот живот на Европа и Балканот и со присуство на највисоки претсавници на Европската комисија и Европскиот Парламент.

Конференцијата ќе се одржи во два дела, првиот во Македонија во мај 2023 година, а вториот во октомври во Франција во „Куќата на Жан Моне-Таткото на Европа“, која се наоѓа во малоит град Уржаре во близината на Париз.
Посебна резолуција ќе биде усвоена во Франција и ќе биде испратена до најзначајните институции во Европа И САД.

На настанот во Скопје беа оддадени три in memoriam почести на починатите академици, Исидора Жабељан, композитор од Србија, Вангелис интернационално име на грчката музика и Јон Карамитру, првиот птретседател на АБЕ, театрска легенда на Романија.
Токму во негова чест АБЕ востанови театарска наград која ќе го носи неговото име и која ќе се доделува еднаш годишно на личности од театарскииот живот на Југоисточна Европа.

Во оваа прилика беа доделени и наградите SEE Actor 2022 од Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон на импозатниот актерски опус на Бајруш Мјаку, како и наградата Europa Prima 2022 од истиот фестивал на познатиот моден креатор и основач на Интенационалниот институт за мода во Скопје, господинот Изет Цури.

Академија Балканика Еуропеана го номинира Ацо Ристов, Градоначечник на Радовиш за високото признание SEE Personality 2023, кое традициоинално му се доделува на истакнати личности од општествениот и еконоимскииот живот на регионот, од 1 до 6 јуни 2023 година на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон.
Генералниот секретар на АБЕ, Александар Прокопиев ги соопшти имињата на новоизбраните академици на АБЕ од областа на уметноста и научно-истражувачката дејност.

Во областа на науката се избрани следните членови:
-проф. д-р Миодраг Стојковиќ (Србија)
-проф. д-р Мајлинда Лако (Албанија/Велика Британија)
-проф. д-р Тарик Купусовиќ (БИХ)
-проф. д-р Исмет Гавранкапетановиќ (БИХ)
-проф д-р Јасна Котеска (МК)
-д-р Радосвет Горнев (БУЛ)
– доц. Красен Станчев (БУЛ)
-Миглена Дикова-Миланова (БУЛ)
-проф. д-р Љубомир Кекеновски (МК)

Во областа на уметноста и публициастиката се избрани:
-Иљет Аљичка (Албанија)
-проф. д-р Хаќиф Мулиќи (Косово)
-Милазим Красниќи (Косово)
-Владимир Левчев (БУЛ)
-Ивајло Дичев (БУЛ)
-Жарко Башески (МК)
-Димитар Малиданов (МК)
-Раде Силјан (МК)
-Лидија Димковска (МК)
-Ермис Лафазановски (МК)

За почесни членови на академијата се избрани Филип Шашко, балканолог Professor Emeritus на Универзитетот од Милвоки, САД и Анри Малос, Претседател на „Фондацијата Жан Моне“ од Париз.
Промоцијата на новите академици ќе биде извршена за време на конференцијата „Обединет Балкан во обединета Европа“, во мај 2023 година во Скопје.