Фото: Маја Јаневска-Илиева

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, одговарајќи на прашање за зачувување на Охридскиот рамковен договор и забелешките дека тој станал прв човек на законодавниот дом со помалку гласови од Европскиот фронт, вели дека „човек кој го знае Рамковниот договор, и Уставот јасно му е дека тоа воопшто не е дел од Рамковниот договор“.

Одговорот на Гаши слудува по критиките од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека е прекршен Рамковниот договор.

– Можеби тој заборавил, тоа било „Мајскиот договор“ кој го потпишал со Никола Груевски и кој самиот го прекрши, но таквиот договор никогаш не беше дел од уставот и не стана и не може да има таков договор во Уставот, затоа што се коси со секое демократско право. Владата се прави со 61 пратеници, со мнозинство, а од друга страна албанската коалиција, ВЛЕН доби 107.000 гласови со што потполно го носи легитимитетот на Албанците во ова Собрание – рече Гаши во интервју за Радио Слободна Европа.

Гаши вели дека пратенците од коалицијата Вреди ќе се залага за што побрзо интегрирање на нашата земја во Европската Унија, но, додава, дека тоа е комплексно прашање и треба да работат сите заедно за тоа да се случи што е можно побрзо.

Во однос на тоа кога ќе биде закажана првата собраниска седница вели дека пленарните седници ќе се закажуваат во координација со сите политички партии.