Фото: Маја Јаневска-Илиева

Велики петок денес се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Верниците ги посетуваат верските храмови. Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време.

Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“.

Оттогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела, кога за првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

Велипеток – најтешкиот ден во годината