Фото: Kабинет на вицепремиерот Арбен Фетаи

Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со вицепремиерот  задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, информираат од неговиот кабинет.

Известувачот Ваитз рекол дека Македонија треба да го искористи моментот создаден поради руската агресија против Украина и да направи се што е во нејзина моќ да ги отвори преговорите со цел брзо членство во ЕУ. Тој ветил дека ќе направи се што е во негова моќ и на Европскиот парламент да го оствари ова заедничка цел.

Вицепремиерот Фетаи го информирал Ваитз за активностите на Владата за спроведување на реформската агенда, особено во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата. Фетаи ја истакнал и важноста за изградба на Коридорот 8 како безбедносен проект и за справување со еколошките предизвици.

Тој изразил загриженост за руското влијание врз информативниот простор на  Македонија, кое треба да се третира како сериозно прашање за националната безбедност.