Денес, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи заедно со СВР Штип на булевар Гоце Делчев во Штип приведен е В.И. (51) од Кочани бидејќи кај него биле пронајдени автоматски пиштол „шкорпион“ и 21 куршуми калибар 7.65 мм. Лицето во моментот издржува казна затвор во траење од вкупно 18 години во КПУ Куманово, а користел викенд отсуство. Известен е јавен обвинител и од страна на СВР Штип по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 396 од КЗ.