Фото: Кабинет на претседателот

Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема да пропадне Македонија, ако малкубројната бугарска етничка заедница влезе во Уставот.

-Нема да пропадне државата ако ги вметнеме Бугарите во Уставот кои на број се нешто над 3 илјади луѓе. Македонската сувереност нема да се загрози, ниту пак европскиот пат ако се направи овој чекор – рече Пендаровски со порака дека за да се достигне потребното двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени е потребно да се разговара со опозицијата.

-Не постои друг пристап освен разговори – рече Пендаровски.

Условите на Бугарија не беа очекувани, ЕУ не смее да дозволи блокада поради историски прашања, порача Пендаровски

Во врска со формирањето на експертска група за изготвување на уставни амандмани и дали, ако ВМРО-ДПМНЕ одбие учество со свои членови, тој ќе предложи свои членови и ќе повика на лидерска средба, Пендаровски рече:

-Ако опозицијата реши да не учествува ниту на експертско, ниту на политичко ниво, бескорисно ќе биде јас да се понудам за решавање на проблемот. Можам само да ја повикам опозицијата да учествува и можам да потсетам дека всушност зборуваме за прашања кои сме ги решиле пред дваесетина години со формулација „делови од народ“ – рече Пендаровски.