Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека во рамки на своите надлежности, продолжува да функционира редовно во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
– Како институција остануваме транспаренти и отворени за јавноста и за соработка со надлежните органи – се вели во соопштението до медиумите од Антикорупција, во врска со актуелните случувања.
Актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот “Адитив“ не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на Антикорупциска, а воедно не може да гласа и да распределува предмети.
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска соопшти дека Комисијата оформила предмет по добиената претставка за назначуваето на заменик директорот во
Димитровска, вчера беше изведена пред Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје, кој одлучувајќи по предлогот на Обвинителство, и определи мерки за претпазливост и забрана за преземање на одредени работни активности, откако претходно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја прошири истрагата за уште три лица во рамки на предметот „Адитив“.
Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата во Собранието беше изгласан на 22 декември 2023 година со 97 гласа „за“, а свечена заклетва членовите дадоа на 8 февруари минатата година.
Татјана Димитровска, која е дипломиран економист беше избрана за претседател на Комисијата. До изборот, таа била вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР).
За претседател и членови на ДКСК, беа пријавени 41 кандидат.