Традиционалната Дедомразовска трка се одржа денеска напладне во Скопје, во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.

На трката повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми трчаат на патека во должина од два километра. Покрај натпреварувачки, трката има и забавен карактер и на неа можат да учествуваат и деца во придружба на родители.

Фото: Маја Јаневска-Илиева