Фото: Архива

Кривичните пријави во 2023 година се зголемени за 60 проценти во однос на претходната година – резултати во сузбивање на криминалот има, истакна директорот Стефан Богоев на брифингот со новинари. Меѓу пријавите се кривични пријави за криумчарење, неовластено производство и пуштање во промет на наркотици, даночно затајување, фалсификување пари, царински измами, фалсификување на исправа, избегнување плаќање давачки со прикажување лажни податоци.

Минатиот месец кривичнa пријавa беше поднесена за лице за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик.
Случајот во кој беа запленети прекурзори за производство на дроги, што како што рече директорот Богоев неодамна, било дел од посериозна мрежа што имала и лабораторија на територија на државата а која со акцијата е разбиена.

Претходно беа поднесени кривични пријави против сторители за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било транспортирано во две товарни моторни возила – цистерни.
________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Во продолжение ви праќаме и дополнителна информација за поднесени кривични пријави во 2023:

•              Употреба на исправа, книга или спис за кој знае дека се невистинити (1 кривична пријава, против 2 правни и 2 физички лица);

•              Повреда на права од интелектуална сопственост (4 кривични пријави, против 4 правни и 6 физички лица);

•              Криумчарење (15 кривични пријави, против  16 физички лица);

•              Неовластено производство и пуштање во промет на наркотици (5 кривични пријави, против  7 физички лица);

•              Даночно затајување (3 кривични пријави, против 3 правни и 3 физички лица);

•              Фалсификување пари ( 1 кривична пријава против 1 физичко лице);

•              Промет со стоки за кој сторителот знаел дека се предмет на кривично дело (9 кривични пријави, против  1 правно и 9 физички лица);

•              Царинска измама (3 кривични пријави, против 2 правни  и  2 физички лица);

•              Фалсификување на исправа (2 кривични пријави, против 4 физички лица);

•              Избегнување на плаќање на давачки со прикажување лажни податоци (1 кривична пријава против 1 правно и 1 физичко лице);

•              Избегнување на плаќање данок (4 кривични пријави, против 1 правно и 5 физички лица);

•              Неовластено производство и промет со општо опасни материи (1 кривична пријава против 1 правно и 1 физичко лице);

•              Промет со стоки од поголема вредност кои се забранети или ограничени (1 кривична пријава против 1 правно и 1 физичко лице);

Недозволено држење на оружје  (1 кривична пријава против 1 физичко лице)