Сообраќајот од правец од Велес кон Скопје и од правец од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата поради обилни врнежи и блокирани сообраќајници, информираат од АМСМ.
Оттаму додаваат дека регионалниот пат од село Желино кон село Сиричино е блокиран во двата правци поради надојдена вода од невремето.
Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин, соопшти ЈП „Македонија пат“.
Кај наплатна станица Желино поради големи колчини на вода на самата рампа сообраќајот се одвива бавно што доведува до создавање колони.
Од ЈП „Македонија пат“ апелираат до учесниците во сообраќајот крајно внимателно да управууват со возилата, како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.
Екипите на ЈП „Македонија пат“ се на терен и работат на расчистување на критичните места и нормализација на сообраќајот.