Се повикуваат потрошувачите кои ги имаат купено посочените серии од производот да не ги употребуваат, односно, да ги вратат на местото каде се купени
Врз основа на добиена нотификација за пласиран небезбеден производ на пазарот земјава, виршли од брендот Вуди (Wudy), кај кои вo земја членка на ЕУ, било утврдено присуство на бактерија листерија моноцитогенес СТ 155 (Listeria мonocytogenes ST 155), како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), нареди итно повлекување на следниве небезбедни серии од овој производ:
-Кај компанијата увозник e извршен вонреден инспекциски надзор и утврдено е дека од спорните серии, кои во земјава биле увезени во неколку наврати, во магацините се наоѓаат 3.030 килограми, кои се ставени под службен надзор. Овие количини, нештетно ќе бидат уништени заедно со количините кои ќе бидат повлечени од пазарот. За небезбедниот производ преку системот на ЕУ известила Италија, која врз основа појавата на труење предизвикано со патогената бактерија ја креирала наведената нотификација која била поткрепена и со лабораториска анализа – информираат од АХВ.
Спорните серии од производителот „Агрикола Тревали“ (Agricola Trevalli Soc Coap ARL) од Италија во земјава, како што информираат од АХВ, биле увезени преку компанијата „Колид С Тим“ од Колешино, Струмица.
-Се повикуваат потрошувачите кои ги имаат купено посочените серии од производот да не ги употребуваат, односно, да ги вратат на местото каде се купени. Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected] – додаваат од АХВ.