Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните.

Имено, општина Аеродром преку компанијата „Пирамид Билдинг” ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во ЈП „Дрисла” го исфрлала општинскиот отпад на зелена површина, во парк во близина на управната зграда на ФФМ на бул.АСНОМ со што направиле нова дива депонија, информираат од инспекторатот.

Рокот за подмирување на казната е 8 дена од денот на изрекувањето, во спротивно истата присилно ќе се наплати. Дополнително, против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави.