Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека Артан Груби ја вработил снаата на Ислам Абази, ЈО за организиран криминал, Шпреса Абази, како помлад соработник во неговото министерство.
– Ова е документот, од 04.04.2022, одлуката потпишана од Артан Груби, за вработување, каде што на третата страница е името на снаата на Ислам Абази. Од тука, Шпреса Абази експресно преминува во АЕК, каде што е вработена како Советник за одговор на компјутерски инциденти! Ова се јавни податоци, објавени на страницата на АЕК- рече тој.
Директор на АЕК е Јетон Акику, познат и како зет на Невзат Бејта, човекот со кого Абази, како вели, има случајни фотографии, исто како што има фотографии со фамилијата на Али Ахмети!
-За потсетување, сопругата на Ислам Абази, од 23 мај годинава е нов обвинител на ОЈО Кичево!Па, почитувани има ли се уште некој што верува дека Ислам Абази ќе покрене, иницира истраги за скандалите, аферите, богатењето, самоволието на Артан Груби, на семејството Ахмети коешто без денар стана сопственик на 40 отсто од милионската зделка „Соравија“, за Рамиз Мерко којшто со 30 кривични дека заврши на црната листа? Ислам Абази е нем пред фактите за криминал, па дури и ја прекина комуникацијата со ДКСК.Потсетуваме дека за изборот на Абази, којшто од непознат обвинител со тајно гласање беше избран за ЈО за организиран криминал и корупција, реагираше и меѓународната заедница! Оттука, секому му е јасно дека зад декларативните изјави на Артан Груби и на Али Ахмети за барање „сеопфатна истрага“ за ДУИ стои сигурност дека ништо нема да биде преземено!- обвини тој.
Според него, секој ден има нов коруптивен скандал, секој ден испливува нов криминал поврзан со владата и владеењето на ДУИ. -Македонија тоне во криминал и корупција, а институциите се однесуваат како партиски штабови на ДУИ, додека СДС ги поддржува само и само за ден повеќе на власт!Само избори се спасот!- потенцираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Фото:Наум Стоилковски/Фејсбук